Компанијата „Телекабел“ на штипската болница и донираше медицински апарати

11.07.2018 | 20:22
Прочитано: 4867

Пациентите по стентирање во штипската Клиничка болница повеќе не се шетаат по болничките ходници. Во рамки на одделението за интервентна кардилогија ставени се во функција нови десет монитори и фузиони пумпи, кои го подобруваат квалитетот на здравствените услуги и го подигаат нивото на постоперативна нега.

„Овие монитори се многу важни за нашите пациенти, бидејќи сите пациенти по стентирањето во текот на хоспитализацијата. може да развијат малигна аритмија. Затоа ги поставуваме пациентите на 24 часовен мониторинг на новите монитори по што ја следиме нивната работа. Добивме и пет посебни машини, кои под притисок венозно импутираат претходно спремена доза на лек, 24 часа па лекарот или сестрата не мора да ги брои капките за да го дозираме лекот“ - вели Сашо Николов, интервентен кардиолог.

Донатор е компанијата „Телекабел“. Вредноста е 8500 евра. Ова не е прва донација на оваа компанија, досега имаат донирано во повеќе здравствени установи во Штип, Струмица и Битола.

„Јас би упатила и еден апел до останатиот дел од бизнис секторот во Штип, да помогне. Затоа што и мала донација може да значи многу за овие луѓе. Јас можам да му честитам на докторот и неговиот тим за пожртвуваноста и амбициозноста. Сфаќаме дека донацијата е направена на вистинско место и ќе успееме да спасиме многубројни човечки животи.“ - вели Билјана Арсова, „Роби-Телекабел“.

Во рамки на одделението за интервентна кардиологија во Штип месечно се вршат осумдесетина интервенции. Од нив 40 % се акутни случаи.

„Со овие нови апарати може да кажеме дека го достигнуваме врвот на македонската кардилогија. Во државното здравство веќе сме конкуретни и ги следиме во чекор од Државната кардиологија“- вели Николов.

Ангиографот во штипската болница по една година пауза во функција беше ставен  во мај годинава. Веќе се намалени листите на чекање и е подобрена комуникацијата со сите здравствени домови и болници од регионот.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.