Компаниите бараат намалување на глобите

12.02.2018 | 14:06
Прочитано: 687

Промена на казнената политика со интервенции кај Законот за прекршоци, почеста примена на опомената, намалување на глобите, исфрлање на мандатниот платен налог и доуредување на прекршочниот како опција која дава можност за жалба и пониска глоба, побара денеска групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија.

Сметаат дека при утврдување на висината на глобата треба да се земе предвид и тежината и природата на направениот прекршок, степенот на одговорноста на сторителот и останатите околности под кои е направен.

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.