Компании избегнувале данок со што ги префлрувале концесиите во странство

12.06.2018 | 17:39
Прочитано: 3761

Милионските суми кои државата ги губи при пренос на концесијата за експлотација на руди од еден на друг сопственик ќе иницираат законски измени, најави вицепремиеорт Кочо Анѓушев на меѓународната рударска конференција во Скопје.

Според вицепремиерот без разлика каде ќе се случи трансферот на сопственоста, 7% од вредноста на зделката ќе мора да се уплатат во буџетот на Македонија.

„Овој закон во минатото, ба имавме таков случајк беше избегнуван со тоа што оваа зделка не се случуваше во Македонија, туку се продаваа мајките-компании кои беа надвор од земјата. Тука ќе направиме измени во законот за минерални суровини која е коректна, а таа е, без разлика каде ќе се случи трансферот на сопственоста, сретствата мора да се уплатат во буџетот на Македонија“ - изјави Анѓушев.

Анѓушев најавува дека Владата ќе ја зајакне комуникацијата со концесионерите, локалните власти и граѓаните за да им објасни дека има технологии и техники кои не се штетни за околината. Според Македонската рударска асоцијација, оваа гранка се најде во лоша сотуација заради немањето доволно хармонија меѓу Владата, локалното население и рударските претпријатија.

„Тоа беше период  кога ја запоставивме локалната самоуправа, хаотично се издаваа концесии без консултации со локалната самоуправа.“ - вели Николајчо Николов, Македонската рударска асоцијација.

Граѓанските активисти кои протестираа за време на конференцијата нема да попуштат и ќе се борат против отворањето на нови рудници во Македонија.

„Не им веруваме и немаме намера да престанеме со борбата зошто не е безбедно.“ - вели Митко Бојаџиски, Здрава Котлина.

Вкупниот извоз на метали и неметали во секторот рударство изнесува околу 230 милиони долари. Во Македонија во моментот има над 500 рударски компании, а во секторот работат 12.000 луѓе кои имаат просечна нето плата повисока од 500 евра.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.