Комитетот за спорните фирми што треба да добија државна помош ќе решава по референдумот

20.09.2018 | 17:35
Прочитано: 433

Помина еден месец откако четири компании пријавија во Фондот за иновации поврзаност со функционери, но сеуште за нив нема одлука дали ќе ги добијат или не државните пари. Се чека решение да донесе Комитетот за одобрување инвестиции, што е составен од петмина странци.

Но, нивното собирање во земјава чини многу пари, велат од Фондот за иновации, па најверојатно ќе се состанат по референдумот, кога ќе имаат и обврски за новиот оглас што допрва ќе се распише.

„Тие компании се изземени од постапката на потпишување на договорите и се повторно испратени од моја страна до Комитетот за одобрување на инвестиции кој има обврска повторно да ги разгледа и да донесе повторно одлука во однос дали ќе се финансираат или не. Комитетот повторно ќе го разгледува од апскет на критериумите кои ги имаме, а тоа е капациетот на проектниот тим и тоа подразбира дали она што е предвидено во самата апликација е доволно да компанијата да горелизира тоа самостојно.“ - вели Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Во прашање се 770.000 евра што треба да ги добијат четирите компании. По 320.000 треба да добијат „Микросам Прилеп“ која е поврзана со бившиот министер, Веле Самак и „Декодикс“, каде еден од сопствениците е снаата на Цветанка Ласкова. 67.000 евра се доделени на фирма каде што малцински содружник беше сопругата на министерот за култура, Асаф Адеми. Четвртата компанија чии пари висат е поврзана со поранешниот амбасадор, Јован Донев.

Сите останати 73 компании веќе постепено ги потпишале договорите и за голем дел од нив парите се исплаќаат. Фондот за иновации им додели грантови во вкупна вредност од 10.5 милиони евра.

По допрен глас Јавното обвинителство отвори предмет откако во јавноста беше објавено дека меѓу добитниците се фирми на вицепремиерот Анѓушев и пратеникот Локвенец. Под притисок на јавноста тие се повлекоа од грантовите.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.