Комисијата за заштита на конкуренција за една година изрекла кази од 10 милиони евра

20.08.2018 | 18:38
Прочитано: 923

Шест компании лани добиле казни од 10 милиони евра од Комисијата за заштита на конкуренцијата, но за дел од нив, по интервенција на Уставниот суд, глобите драстично биле намалени. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа од Комисијата детален отчет зошто ги скратила казните, како што бил случајот со Прилепка пивара, која  наместо 2,7 милиони евра, добила казна од само 100 илјади. И за Скопската и за Прилепската пиварница Комисијат изрекла глоби зашто ги ограничувале дистрибутерите во одредувањето на продажната цена на пијалоците.

„Според некоја логика, доколку на Скопска пивара казната е 6 милиони евра можеби ќе биде 150 илјади евра, па во таквиот сразмер на изречени казни од толку голем износ до реално наплатена глоба, се знае што се може да се случи  “, вели Драган Цуклев

За Комисијата пак казните се намалени зашто во второто одлучување се појавиле нови олеснителни докази.

„Постојат одредени олеснителни околности кои драстично влијаат врз висината на казната и комисијата постапи според насоките на судот и  по ново утврдената фактичка состојба и новата отежителна позиција“, вели Чедомир Краљевски - Комисија за заштита на конкуренција

Пратеникот Минов побара Комисијата да ги лови тајните договори на откупувачите на земјоделски производи кои го контролираат пазарот и по багателни цени го купуваат овошјето и зеленчукот од земјоделците.

„Многу производители имаат  огромни штети што нивниот очекуван приход се слева во џебот на откупувачот“, вели   Панчо Минов - пратеник

Според Комисијата, докажувањето на тајните договори оти тешко. Тие побараа од Собранието повеќе пари за да се зголеми нивниот капацитетот.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.