Комисија од министерството за здравство ќе го истражува случајот со смртта на родилката од Кичево

22.01.2018 | 12:52
Прочитано: 1258

Комисија од министерството за здравство ќе го истражува случајот со смртта на 31-годишната родилка од Кичево која почина за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“. На починатата ова и била прва бременост.

Смртта настапила кога почнала процедурата за царски рез, односно причина биле компликации при дишењето. Нејзиното дете се наоѓа на интензивниот оддел на детската клиника во Скопје. Од Клиниката за детски болести каде што се наоѓа бебето на починатата родилка велат дека, здравствената состојба му е стабилна, прима терапија и се уште е на респираторни апарати.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.