Колку пари ќе легнат на сметките на 100-те фирми?

10.08.2018 | 19:10
Прочитано: 938

Владата не открива која од стоте фирми колкав колач ќе добие од вкупно 9,2 милиони евра наменети за финансиска поддршка на компаниите. Избраните фирми кои лани прикажале раст веќе потпишаа договор за државна помош. Но на барањето на Телевизија 24 да добиеме детални информации кои се првите 10 фирми кои ќе добијат најмногу пари и за што - никој не знае. Сумите ќе ги знаат откакоа фирмите ќе ги доставиле фактурите.

Иако од Агенцијата за странски инвестиции ветија дека ќе ни го достават списокот на фирмите кои ќе добијат најмногу пари, сепак се предомислија.

„Точните износи кои ќе бидат одобрени за исплата согласно Законот за финансиска поддршка ќе бидат утврдени откако компаниите кои имаат склучено Договор ќе поднесат Барање за исплата на средства до надлежната институција. Во таа смисла не би сакале да посочиме и издвоиме одредени компании и да објавиме износи кои допрва треба да се утврдат“, одговорија од Агенцијата за странски инвестиции. 

Министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска со идентичен став. Очекува од фирмите до крајот на ноември да ги достават барањата. А парите ќе ги добијат до крајот на годината.

Додека Владата крие, дел од компаниите за Телевизија 24 открија колку пари ќе добијат.

„Мојата фирма Мода-Свети Николе доби пари од вториот столб за инвестиции во опрема. Точно знаеме и која сума. Кај нас инвестицијата е 9 милиони денари, а ќе добиеме 10 проценти или околу 15.000 евра и уште 50.000 евра во наредните три години. Имаше и инвестиции од 8 милини евра тие ќе добијат по 800.000 евра, но според законот најмногу до 1 милион. Секоја фирма си знае“, вели Ангел Димитров, кој е и претседател на Организацијата на работодавачи.

600 компании, ги исполниле условите за  финансиска поддршка од државата.  Но само 182 аплицирале. На списокот меѓу другите се компаниите Алкалоид, Пекабеско, Адинг, Дуки Дасо, Макпрогрес, ИГМ , Вивакс.

 


Александра Филиповска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.