Колекција која воодушевува – Bonatti Лето 2018

12.07.2018 | 14:42
Прочитано: 1513

Пристигна и е совршена! Bonatti - колекцијата на костими за капење е синоним за добриот стил и токму она што ни е потребно да би се чувствувале стилизирано во текот на врелите летни месеци.

Било да сте љубители на едноделни, дводелни или троделни костими за капење, со мека или push-up корпа, В, С или D големина, во летната Bonatti колекција ќе го пронајдете својот совршен аутфит.

Колекцијата е дизајнирана по последните светски модни стандари и освен костими за капење, нуди можност за комбинирање на летни фустани, торби и шешири во истиот дезен. Идеално, зарем не?

Машкиот дел на колекцијата е во знакот на морските бои, а лесните кроеви и мажествените модели најдобро ќе ги подготват машките за модерна летна сезона!

Каталогот за летната Bonatti колекција е сниман на Сејшелите, на една од најубавите тропски дестинации чии плажи оставаат без здив.

На сите оние со исклучителен вкус за мода, Bonatti Летната колекција ќе им стане фаворит. Триумфираат бои, феноменални принтови, разновидни материјали, а спојот на природата и модата се гледаат во секој сегмент на колекцијата.

Bonatti летната колекција може да ја пронајдете во некоја од Bonatti продавници во ГТЦ- приземје, ТЦ Буњаковец, ТЦ Лептокарија, Куманово и Охрид.

Сигурно знаете дека во Bonatti продавниците во тек е актуелниот попуст од -30%?!

 

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.