Која е целта на преименувањето и промените во музејот на ВМРО ?

11.07.2018 | 17:55
Прочитано: 1251

Непостоењето на музеолошка етика го прави музејот да биде за одреден круг на луѓе во кои  не треба да бидат вклучени децата затоа што има сцени во кои има насилстово, смета музеологот Крсте Богоески.

Тој истакнува дека станува збор за политички музеј во кои не е спорно дали има оргинали предмети бидејќи и во Израел во музејот на Холокаустот има копиии затоа што во историксите музеи битна е идејата која треба да се поткрепи, но пренагласената идологија ги ограничува посетителите и ја искривува историјата.

Според Богоески потрошени се многу пари за нов музеј за кој не  се запазени стандардите за градба на просторите.

Директорот на Музејот Бранислав Светозаревиќ за 24 вести вели дека  фактите кој постојат во музејот ги демантираат сите обвнинувања од страна на работната група, и дека се работи за политичка пресметка.

„Во музејот има околу три илјади оргинални предмети, и не е точно дека има одредена политичка идеологија, му чуди најмногу тоа што зборуваат секакви невистини за музејот луѓе кои што не стапнале во него. Големата посеетеност и многуте европски призннија говорат за каков музеј се работи. Музејот на македонската борба беше домаќин на доделувањето на награда за најдобар музеј во Европа – „Микелети“ во 2017 година, што ја доделува Европската музејска академија. Станува збор за еден од најпрестижните настани кој секоја година на едно место собира музеолози, професори и експерти за презентација на врвните достигнувања од музеологијата.“ - вели Светозаревиќ.

Работната група утврди низа нерегуларности и предложи формирање на експерска комисија која ќе изработи нова историска поставка во која ќе има повеќе оргинални документи, а помалку слики и восочни фигури.


Јасмина Спасовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.