Кој се учествува во правењето на реформски закони

13.02.2018 | 17:31
Прочитано: 1718

Создавачите на проблемите во правосудството не можат да бидат дел од нивното решение, вака експертската фела го коментира вклучувањето на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски како претставник од опозицијата во консултациите поврзани со законот за заштита на сведоци.

Консултациите со опозицијата ги потврдува и заменик министерот за правда Оливер Ристовски, но додава дека тоа е по сугестија на меѓународната заедница за вклучување на опозицијата во клучните законски измени. Опозицијата бира кој ќе биде преставник, ние не можеме да се мешаме во тоа, додава Ристовски.

За професорката Мирјана Најчевска, која го напушти Советот за реформи пред неговото расформирање, едно се политички договори, друго е експертиза.

„Во рамките на политичкото договарање и преговарање се разбира дека се седнува на маса и со опозиција и со други политички субјекти и слично. Кога станува збор за експертиза и за изработка на одреден законски текст кој што треба понатаму да биде понуден тогаш се земаат само оние експерти кои што не се компромитирани, кои што можат навистина да одговорат на задачата и кои што ен учествувале во рушењето на правниот систем како што учествуваше министерот Маневски“, вели Најчевска.

Според адвокатот Александар Тортевски не може човек кој во прислушуваните разговори се слуша како договара судски пресуди да биде дел од градењето на консензус за клучните закони во правосудството. Консултациите ги потврди и Маневски, но не сакаше да даде изјава во камера. Во телефонски разговор за Телевизија 24 вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ниту еден закон кој е против уставен или пак ништење на решенија на закони кои се верифицирани од Европската комисија. За такви ги смета 158 закони од делот на правосудството во чие донесување учествувал и тој во предиодот од 2008 до 2011 година.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.