Клоп: Ливерпул е како Роки Балбоа, Манчестер Сити како Иван Драго!

10.08.2018 | 14:49
Прочитано: 1051

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде уште една импресивна изјава непосредно пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.
 
Германецот ги спореди „црвените“ со легендарниот боксер Роки Балбоа од култниот филмски серијал, откако објави дека неговиот тим ќе се бори напорно за титулата, но останува аутсајдер во битката за првото место.
 
Ливерпул потрошија над 170 милиони фунти за играчи, земајќи солидни фигури како Наби Кеита, Фабињо, Џердан Шакири и Алисон, но и покрај големите очекувања, тренерот останува претпазлив.
 
- Ние треба да бидеме попостојани и го знаеме тоа. Треба да бидеме попрецизни и поагресивни. Едноставно треба да подобриме сè. Со Сити си разменивме по една победа минатата сезона, па така останатите натпревари решаваат сѐ. Сепак, планот е да се бориме за титулата. Ќе скокнеме во длабочината и ќе бидеме таму додека не ни снема воздух. Сити останува фаворит. Ние сме Роки Балбоа, а не Иван Драго. Ние мора да се бориме напорно, рече Клоп.
 
Неговиот тим ја открива кампањата во недела против Вест Хем, кој исто така се засили сериозно, давајќи над 100 милиони фунти за фудбалери, во стремежот да ја подобри 13-тата позиција, на која се најде минатата година.
 
- Мануел Пелегрини е одличен тактичар и сега тие се сосема различен и многу добар тим. Сепак ние сме домаќини и луѓето очекуваат од нас да победиме. Ова е, сепак, првиот натпревар за сезоната, за кој не може да се направат големи анализи. Важно е како ќе играме и очекува да го направиме тоа добро, додаде шефот на Ливерпул.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.