Ќе секнат ли парите за Грција: Еврогрупата не одобри исплата на последната транша

25.05.2018 | 17:27
Прочитано: 8578

Министрите за финансии на земјите членките на Еврозоната на синоќешната средба во Брисел не донесоа одлука за исплата на последна транша од пакетот помош за Грција, но не го одобриле ниту решението за ставање крај на програмата за помош на Грција, која според планот треба да заврши во август годинава.

Ова го соопшти  претседателот на Еврогрупата Марио Сентено. Тој потенцираше дека било договорено овие одлуки да се разгледаат на следната средба на министрите за финансии која ќе се одржи наредниот месец во Луксембург и посочи  дека имаат добри вести од Грција.
 
„Има одлични вести од Грција минатата недела бил остварен договор меѓу институциите и грчката влада договорени се сет договори и ќе се имплементираат следната недела ова е важно затоа што е чекор кон завршување на четвртата програма и е добра вест од Грција. Наш основен приоритет останува успешно излегување на Грција од програмата за макрофинансиска помош.“ - изјави Сентено.

Германскиот весник „Хандлсблат“ со анализа  дека со завршувањето на грчката програма за спас не значи крај на условите поставени од кредиторите, и дека по истекот на рокот на оваа програма Атина ќе остане во режим на надзор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.