Ќе се гради ли региoнална депонија во Дебрца или власта ќе се премисли по протестите на граѓаните?

24.04.2018 | 17:33
Прочитано: 1157

И покрај протестите во неделата, министерството за животна средина не разгледува нови локации за изградба на регионална депонија,ниту пак има било каква промена во ставот истата да не биде во Годивје. Ресорното министерство и понатаму смета дека нема погрешна локација, само погрешни информации за влијанието на таа депонија.

„Одлука за разгледување на нови локации засега нема, бидејќи се веѓе анализирани 12 локации за оваа намена и како најсоодветна, согласно со процедурата е избрана локацијата Годивје 2. Дополнителни анализи би барале дополнителни финансистки средства кои општините во овој регион ги немаат на располагање. Владата за сите овие проекти обезбеди 1 милион евра само за овој регион, преку ИПА програмата.“

За добробит на сите граѓани, Министерството за Животна средина и просторно планирање, заедно со Владата на РМ и понатаму ке ги насочат своите напори кон пронаоѓање на најбрзо и најефикасно решение за правилно постапување со отпадот. -велат од Министерство за живота средина.

И додека се кршат копја меѓу Дебрчани и институциите, Општина Струга дава поддршка за Годивје како најсоодветна локација за депонија која би била изградена според највисоки стандарди додека соседната општина Охрид пак е за корекција на студијата.

„Треба да има коренции во студијата кога ќе се седне со ресорното министерство, со премиерот Заев и претставниците на општините од југозападниот регион.“ - вели Јован Стојаноски, градоначалник на Општина Охрид.

Иако локацијата во овој момент е голем проблем, потребата од регионалната депонија е неопходна, смета професорот и архитект, Огнен Марина.

„Собирањето на отпадот има суптински квалитет на живеењето и е насушна потреба и треба да најдеме систем кој ќе  функционира беспрекорно.“ - вели Огнен Марина декан на Архитектонски факултет Скопје.

 Од ресорното министерство потенцираат и дека секоја одлука за изградба на било каков објект, инсталација или депонија ќе биде строго контролиран процес и во согласност  со законодавството од оваа област. Целта како што велат е изградба на безбедна регионална депонија согласно сите европски стандарди која нема да ја загрозува животната средина и дополнително ќе донесе социјален и економски бенефит за граѓаните.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.