Ќе останат ли Скопјани без парно следната грејна сезона?

26.04.2018 | 17:31
Прочитано: 3371

Дали скопјани следното зимо ќе останат без парно греење. На 15 мај судот треба да одлучи дали сегашниот производител на топлинска енергија Балкан Енерџи производство ќе оди во стечај или ќе се реорганизира за да ги плати милионските долгови. Стечај побараа две фирми, Кратер и Топлификација.

Топлификација ја изгуби лиценцата за работа, но во 2013 година и ги даде под закуп топланите на БЕГ. Од Балкан Енерџи велат дека стечајна постапка се уште не е отворена.

„Стечај не е отворен, што може да се провери на официјалната веб-страна на централниот регистар на Република Македонија. Во моментов во топланите на Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ во тек се ремонти за подготовка на опремата за новата грејна сезона.“ - велат од БЕГ.

Не се знае колку пари Балкан Енерџи производство сега и должи на Топлификација за користење на топланите. Но и Топлификација се наоѓа пред стечај. Вчера до Судот е доставено барање од група акционери.

„До Основен суд поднесен е предлог за поведување стечајна постапка за Топлификација АД.“

Хаџимишев од Топлификација не сакаше да ги коментира новите случувања. Претнодно тој изјави дека се додека не се донесе новиот закон за енергетика но може да се знае кој ќе ги грее скопјани следната зима, „БЕГ“,  „Топлификација“ или некој трет.

Законот за енергетика утре ќе се најде на комисија во Собрание.

И градоначалникот на Скопје го чека новиот закон. За Шилегов договорот на БЕГ е спротивен на законот што го изготви новата Влада. Ќе бара Градот Скопје да стане сопственик на топлификацискиот систем и да се формира посебно јавно претпријатие кое ќе ги снабдува скопјани со парно.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.