Ќе има ли решение за економско-социјалниот статус?

14.02.2018 | 18:07
Прочитано: 875

Четириесет амнестирани затвореници се на метадонска терапија, но затвореници кои се без здравствено осигурување и без пристап до лекување бројка се уште нема. Дополнително ќе биде обезбедена.

Од Управата за извршување на санкции велат дека се координираат со центрите за зависности, министерството за здравство и труд и социјала за решавање на проблемот.

„Се појави проблемот што законот за амнестија ги ослободи дел од нив и ние водиме евиденција и со денешен ден се 40 лица. Од наша страна се прави од личните податоци до досието во казнено-поправната установи се вадат податоците и се носат на посебен список во министерството за здравство, со цел тоа да излезе во пресрет на тие лица и да им изработи посебен протокол за доделување на метадон. Дел од нив немаат здравствено осигурување.“ - вели Јовица Стојановиќ – Директор на Управата за извршување на санкции.

Здравствената заштита на осудените лица, вели директорот според законското решение од 2013-та предвидува дека тоа потпаѓа под министерство за здравство, но никогаш досега не било  имплементирано. Сега вели директорот, здравствената грижа  во дел од затворите ќе ја преземе јавна здравствена установа.  

„Се направени договорите за превземање на здравствениот персонал од КП Скопје и Идризовово јавна здравствена установа. Она законско репение предвидено пред неколку години, ни е денеска го импементираме во пракса.“ - вели Стојановиќ.

Од министерството за труд и социјална политика се уште го чекаат списокот на затвореници од Управата за извршување на санкции, по што ќе испраќаат социјални работници.

„Листата понатаму ќе биде доставена до општинските центри за социјална работа и тие ќе бидат задолжени да ги посетат лицата, да ја увидат нивната состојба и согласно тоа да им се овозможи да ги остварат правата од социјална заштита кои што им следат.“ - велат од Министерство за труд и социјална политика.

Од Управата велат списокот ќе биде доставен до петок. Според статистиките една третина од затворениците се зависници од дрога.  Клучниот проблем е што Центарот за зависници во Кисела Вода каде се препраќаат затворските зависници кубори со кадар и како што велат оттаму персоналот што работи со оваа популација е мал и не може да одговори на стандардите.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.