Кавга на комисиската расправа за законот за медиуми

10.05.2018 | 17:24
Прочитано: 898

Пратениците од власта и опозицијата жестоко се раскараа на продолжението на матичната комисија на која се разгледуваат амандманите за предложените измени на законот за медиуми, по што беше дадена пауза.

Кавгата почна откако пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ реагираше до претседавачката на Комисијата Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, дека измислува нови правила и на сопартицот Деспотоски му дозволува втора контрареплика. Во расправијата се вклучи и министерот Манчевски, по што Лашкоска го искара.

„Ве замолувам да се воздржите од коментари, зошто ако мислите дека со закана ќе ги заплашите пратениците, се лажете.“ - изјави Ане Лашкоска, ВМРО-ДПМНЕ.

Манчевски тврди дека во ниту еден момент не употил закани до никого во Собранито, но и дека опозицијата намерно сака да го блокира законот.

„Се сеќаваме сите како поминавте во времињата кога си реплициравте самите на себе, алудирајќи на петте месеци во коишто Собранието и државата беа заробени со беспредметни меѓусебни реплики и контрареплики на пратениците од сегашната опозиција.“ - изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Денеска расправата заглави на амадмнот со кој опозицијата предлага да нема јавна расправа за членовите на Советот на АВМУ и на програмскиот совет. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со став дека со ваквиот избор, ќе се вдомуваат луѓе блиски до власта, а дел од кандидатите само ќе се оцрнат и етикитираат- власта со став дека само преку јавен избор ќе се види кој колку вреди.

„Јас треба да дискутирам и да кажувам кој на кого му е братучед и кој каков бил во минатиот режим.“ - изјави Благоја Деспотовски.

„Тешко ми е да прифатам дека некој може да биде против јавна расправа којашто ќе ги претстави кандидатите за некое тело.“ - изјави Лилјана Поповска.

Спорни точки и понатами остануваат финансирањето на МРТ кое е предвидено да е процент од буџетот кој постепено ќе се зголемува, но и како ќе се бираат членовите во регулаторните тела.

Операторите кои реемитуваат странска програма, бараат целосно да се тргне делот со гаранциите за авторските права. Според нив невозможно и неприменливо е операторите да гарантираат со целата своја кривична материјална и морална одговорност дека телевизиите кои ги реемитуваат ги обезбедиле авторските права за Македонија.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.