Катругалос: Решението за името да не биде „средство за иредентизам“

14.01.2018 | 11:18
Прочитано: 2014

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос вели дека можното решение за името не смее да биде средство за иредентизам.

Ние преговараме за име коешто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава, изјави Катругалос.

Говорејќи на дебата посветена на оваа тема, Катругалос напомена и дека првпат после долго време постои оптимизам но и дека нема загарантирано решение на проблемот.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.