Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент

23.05.2018 | 09:55
Прочитано: 1026

Во однос на тоа дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент. Со Каменос немаме различни позиции, вели алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, коментирајќи ги изјавите на лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос.

- Каменос јасно кажува дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, ако другата страна не ја изврши таа обврска, договорот нема да дојде во Парламентот и тоа е вистина. Ние сметаме дека решавањето на ерга омнес, општото прифаќање на името и во внатрешноста и во надворешноста со уставна ревизија е еден од предусловите на пакет договорот. Ова е нешто што и ние го имаме потенцирано и за ова немаме разлики со Независни Грци, вели Катругалос и додава дека во однос на неприфаќањето на сложено име со терминот Македонија од Панос Каменос, тоа е нешто што претседателот на Независни Грци, го има кажано и во минатото.

Во изјава за медиумите, по конференција во Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија не даде директен коментар, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали Никос Коѕијас индиректно го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“ со изјавата од САД дека потребно е да се прифати име од предлозите на медијаторот.

- Нашата цврста позиција е дека за името да биде прифатено треба да задоволува два критериуми. Едниот е да го разделува историскиот и грчкиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и другото е дека не треба да содржи иредентистички елементи. Ова е нашата генерална позиција и очигледно е дека нема да коментирам нешто што е поврзано со преговорите што се во тек, рече Катругалос.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.