Кари постигна 44 поени против Клиперс, Кливленд поразен дома

23.02.2018 | 11:37
Прочитано: 542

По паузата за олстар-викендот, шампионот во НБА-лигата, Голден стејт продолжи решен да си го врати врвот во Западната конференција.

Први настрадаа кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс, со 134-127, а шоумен на вечерта беше Стеф Кари со 44 поени и 10 асистенции. Кевин Дурент го поддржа со 24 коша.

Голден стејт има 45 победи и 14 порази, а Хјустон и во двете ставки по една помалку и затоа уште го држи врвот.

Подалеку од првото место на Истокот е Кливленд откако синоќа загуби од Вашингтон дома, со 103-110.

Леброн Џејмс постигна 32 поена девет скока и осум асистенции, но имаше слаба поддршка од соиграчите.

Драматична победа забележа Оклахома кај Сакраменто, со 110-107, благодарение на тројка со звукот на сирената на Расел Вестбрук. Со тоа само го зачини својот трипл-дабл со 17 поени, 15 скока и 11 асистенции.

На останатите средби Шарлот – Бруклин 111-96, Чикаго – Филаделфија 115-116 и Орландо – Њујорк 113-120.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.