Карачиќ останува во Вардар и следната сезона

18.12.2017 | 20:20
Прочитано: 869

Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ потврди дека и следната сезона останува дел од македонскиот и актуелен шампион Вардар.  

„Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам. После тоа, се е во магла. Ќе видиме што ќе биде. По оваа сезона ќе имаме многу промени во играчкиот кадар. Многу ќе заминат, но очекувам и да дојдат засилувања“, изјавил Карачиќ за хрватските медиуми. 
 
Осврнувајќи се на резултатите кои „црвено-црните“ ги постигнаа во текот на целата календарска 2017 година, Карачиќ нагласува дека тоа е резултат на напорна работа. Што се однесува до очекувањата, тој потврди дека и сезонава Вардар атакува на највисок пласман, во најмала рака пласман на завршниот „фајнал-4“ турнир. 
 
„Нема да зборувам за одбрана на титулата шампиони на Европа, но, императивот е да се пласираме на Ф4 турнирот. Се надевам дека нема да застанеме на тоа. Не очекува пауза во Лигата на шампионите до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за следните предизвици“, изјави Карачиќ. 

Тој ќе и се приклучи на селекцијата на Хрватска со која ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и поддршката од публиката на претстојното Европско првенство чиј домаќин ќе биде токму неговата земја.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.