Кампања на ДИК за референдумот: ,,Твој став - твое право”

14.09.2018 | 13:53
Прочитано: 944

 

„Твој став – твое право” е слоганот под кој од утре Државната изборна комисија ќе почне со кампања за информирање на граѓаните за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Од комисијата појаснуваат дека ќе емитуваат три видео записи – едниот дел ќе биде од информативен карактер, а другиот дел ќе се однесува на едукација на гласачите за нивното гласачко право.

На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи. Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови кои не се подалеку од три километри.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.