Како се испраќал мејл во 1984 година!

19.06.2018 | 10:30
Прочитано: 1205

Во 1984 година во минатиот век, кога бил измислен цд - ромот, мејлот и интернетот биле во своите почетоци.

Британскиот телевизиски канал „Темза ТВ“ ги документирал техничарите Џулијан и Пет Грин во 1984 година како испраќаат и примаат мејл во емисијата „База на податоци“. Тие својата снимка ја пренеле на каналот „Јутјуб“.

Испраќањето на мејл во 1984 година било многу комплицирано. Пред испраќањето на мејл било потребно поврзување на онлајн услуга. Денес е тоа прилично едноставно, но тогаш процесот бил различен.

Прво било потребно да се приклучите на телефонската линија на модем, а потоа да се спои модемот со компјутерот. Потоа требало да се повика компјутерот со помош на телефон. Кога ќе се воспоставела врската, било потребно да се вклучи прекинувачот на модемот. Тогаш сте постигнувале конекција.

Грин, кои тогаш го демонстрирал процесот, на тој начин што се приклучувал на услугата „Микронет 800“, вид на рана услуга „АОЛ“, онлајн магазин што обезбедувал вести, софтверски прегледи и мејл услуги.

После поврзувањето со „Микронет“, конечно може да се напише мејлот. Но тогаш не постоеле е-адреси какви што познаваме денес. Во 1984 година, е-адресата била броеви и букви. Во овој случај, адресата била „7776а“. Пораката што тогаш била испратена гласи. „Со најдобри желби во тимот за база на податоци, електронски ваши, семејството Грин“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.