Како ќе се реши проблемот со националниот архив?

21.02.2018 | 17:55
Прочитано: 808

Се уште се вага со националното богатство и финансиските импликации – решение за Државниот архив нема. Владиниот координатор вели дека има неколку предлози, но не сакаше да открие ниту еден конкретен.  Се прават проценки, течат преговори, но рокови за решавање  на проблемот не се поставени.

„Правејќи ја таа анализа на кои предности каде ќе превегнат, тоа решение ќе биде резултат на заеднички договор. Имаше некои идеји на размени на трети локации, институции, интензивно ги разгледуваме сите решенија. Тоа решение мора да даде одговор. “ - вели Зорица Апостолска – Министер без ресор – Координатор помеѓу ИНИ, Архив и ОЈО

Владата е на ставот дека ќе се најде адекватно решение, но според Институтот за национална историја и Државниот архив, единствено решение е архивот да се врати во старата зграда токму поради неговата намена. Апостолска вели дека е важно да се слушне и гласот на вработените во архивот и институтот чија работа е директно засегната. Се согласува дека за Архивот нема адекватни услови во Археолошкиот музеј, но и дека институт и обвинителство не треба да се во иста зграда. Вработените од овие институции испратија и петиција до премиерот.

„Замолувам за разбирање зошто проблемот е комплексен. Едно е архивскиот матерјал да се биде заштитен тоа е национално богатство наспротив можностите и долгорочно решение кое треба да се подрдржи.“ - вели Апостолска.

Протекувањето на кровот на Археолошкиот музеј го запали алармот за загрозеноста на архивската граѓа, а за оваа зграда ОЈО отвори предистражна постапка. И новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека некој треба да одговара за овие пропусти.

„Таа градба има изведувач и надзор и инвеститор кој инвестирал пари за да добие производ кој ќе биде функционален. не добил и треба да се види кој надзор го пуштил во употреба. “ - вели Христијан Мицковски – претседател на ВМРО ДПМНЕ

Проектот Скопје 2014 е цел на истражување и на СЈО. Но додека траат истражните дејствија, просториите во стариот Архив се подготвуваат за обвинителството, а Архивот работи со потешкотии. Професорите и архивистите се надеваат дека решение ќе има пред да биде предоцна.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.