Каде да се бара одговорноста за трагедијата на двајцата млади планинари

12.02.2018 | 19:46
Прочитано: 11310

Македонија во шок по смртта на двајцата планинари. Се бараат одговори но и одгвоорност  зошто згаснаа два млади животи. Независно од временските услови потребна е добра подоготовка и пред се едукација за сите оние кои решаваат да тргнат на планина без разлика дали станува збор за искусни планинари или почетници, вели професорот по антропомоторика на Факултетот за физичка култура, Јован Јовановски.

„Објективни опасности се невреме, снег, лавини, диви животни, инсекти, а субјективни се луѓето да се однесуваат соодветно и ли несоодветно во ситуацијата“ - изјави Јован Јовановски – професор   по антропомоторика на Факултетот за физичка култура.

Според професорот Јовановски трагично е организирана група да дозволи да се изгуби некој од нивните членов. Планинарењето како што вели  бара ред и дисциплина.   Бидејќи во спротивно, трагајќи по нешто убаво – планинарската авантура може да заврши со трагичен крај

„Не може организирана груша да дозволи член од групата да го нема. Ќе се соберат сите и ќе се направи план каде ќе се оди и што опрема да се носи. Ова не се почитува и затоа вакви работи се случуваат.“ - изјави Јовановски.

Планинарите Калина Велевска и Александар Миновски животот го загубија на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција. Прво се одвоиле од  групата,  а потоа паднале во бездна.  24 часовната битка на спасувачките екипи беше безуспешна. Денеска излезе и  видеото од спасувачката акција. Тв 24 и денеска се обиде да стапи во контакт со планинарското друштво „Трансеврзалец“ – чии членови беа Александар и Калина,   меѓутоа оттаму посочија дека  повеќе информации и одговори ќе има во текот на неделава, најдоцна до петок.

Профеосорот по антропомоторика вели дека зад него има долгогодишно планинарско искуство кое го научило дека со природата нема играње, ниту за најсигурните и искусни алпинисти. Секоја тура е потенцијална опасност, која може да чини живот.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.