Кабул: По 13 часа ослободен хотелот Интерконтинентал, пет лица загинале, а шест се повредени

21.01.2018 | 15:08
Прочитано: 1311

Опсадата што вчера се случи во хотелот Интерконтинентал во Кабул, ја расчистија авганистанските безбедносни сили. По 13 часа судир со напаѓачите  од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно шест се повредени за време на опсадата, изјавуваат официјални лица. Тројца од жртвите биле припадници на безбедносните сили.

Групата напаѓачи повеќе часови им се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили а според првичните информации хотелот бил нападнат од четири лица, а првите двајца убиени се синоќа.

Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.

Инаку, талибанците презедоа одговорност за синоќешниот напад врз хотелот.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.