Јоханес Хан: Без решение за името, вратата за ЕУ ќе се затвори за децении

14.09.2018 | 09:22
Прочитано: 4245

Непосредно пред неговата посета на Македонија во понеделник, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вели дека доколку се пропушти можноста за прифаќање на Договорот со Грција на референдумот на 30 септември, вратата за ЕУ ќе се затвори „за децении“.

„Ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата,“ изјави Хан во интервју за Македонската информативна агенција.

Хан вели и дека е уверен ако, Македонија ги исполни поставените услови за почеток на преговори, државата може да смета на почеток на истите на средината на 2019 година. Во однос на условеноста на датум за преговори, еврокомесарот за проширување цени дека и без таа условеност, Македонија ќе требаше да чека најмалку една година за фактичко започнување на преговорите, бидејќи тие бараат подготвителна работа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.