ЈО Штип пред одлука за нов случај за сомневање за незаконско работење на Илчо Захариев

21.07.2018 | 17:17
Прочитано: 2950

Штипското основно обвинителство е пред одлука за уште еден предмет поврзан со работењето  на претходниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев. Предметот се уште е во предистражна постапка, но неофицијално дознаваме дека се чека на резултатите од вештачењето, по што ќе се знае каква одлука ќе биде донесена.

Според пријавата Захариев и поранешниот директор на Јавното претпријатие Стипион го оштетиле општинскиот буџет за близу 250 илјади евра. Според пријавата како градоначалник на општината Штип, Захариев  незаконски  издал одобрение и наредба за уривање на објекти околу градскиот базен  во Штип како и негова продажба без да добие согласност од Советот на општината, а директорот  сето тоа го аминувал со својот потпис.

Во време на пријавата Захариев за ТВ 24 изјави дека, таа треба да биде отфрлена бидејќи целата постапка за продажба и отстранување на објектите е спроведена законски, а Општината инкасирала 600.000 евра од продажбата на земјиштето каде што според урбанистичките планови треба да гради спортски центар.

Основното обвинителство во Штип веќе поднесе обвинение против екс градоначалникот на Штип за злопупотреба на службената положба бидејќи наместо 1.8 милиони денари на штипска компанија за комуналии и наплатил само 300.000 денари. Судењето за овој случај се очекува да започне по завршување на летото.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.