Јавна кампања „Да ги заштитиме шумите од пожари“

18.06.2018 | 14:10
Прочитано: 925

Под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари”, ЈП „Македонски шуми“ и Противпожарниот сојуз на Македонија од денеска ја започнаа кампањата за превентивно делување, пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари.

Цел на оваа јавна кампања, според организаторите, е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари.

Покрај непосредната средба со граѓаните и директен контакт со нив за значењето на зачувување на еко-системот во природата, се делеа рекламни материјали со пригодна содржина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.