Јапонски научници работат на нов тест за откривање рак

17.04.2018 | 13:08
Прочитано: 1013

Јапонски научници работат на усовршување тест за откривање рак, со помош на примерок од урина, јави АФП.

Компанијата Хитачи, која ја обмисли технологијата пред две години, во соработка со Универзитетот Нагоја ќе анализира 250 примероци, за рак на дојка, на дебелото црево, и рак кај децата.

- Доколку овој метод стане и практична употреба, тоа ќе биде многу полесен начин луѓето да дојдат до тест за рак, оти нема да има потреба да одат во медицинска установа заради крвна слика, изјави портпаролот на Хитачи, Чихару Одаира.

Тој додава дека децата што се плашат од игли, посебно ќе имаат полза од тој метод за дијагностицирање, што може да биде достапен до 2020 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.