Јапонија и Сенегал ремизираа и си ги зголемија шансите за осминафинале

24.06.2018 | 19:33
Прочитано: 1619

Јапонија и Сенегал одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од групата Х на Светското првенство во Русија.

Двете репрезентации покажаа израмнета игра особено во однос на поседот на топката и контролата на теренот, но сепак Сенегал беше за нијанса поквалитетен што се одрази со поголем притисок врз јапонскиот гол и бројот на шанси за погодок.

Сенегалците стигнаа до рано водство со голот на Садио Мане во 11-та минута, но Јапонија преку Такаши Инуи во 34-та израмни на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.

Во второто полувреме Сенегал повторно поведе 2:1 во 71-та минута со голот на Муса Ваге, но по седум минути Кеисуке Хонда израмни на 2:2.

Во оваа група Јапонија и Сенегал сега имаат по четири бодови, а Полска и Колумбија се без бодови, но ќе се соочат вечерва. Без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Колумбија, местата во осминафиналето во оваа група ќе се решаваат во последното коло.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.