Извештај на Европската комисија: Македонската економија е на вистински пат

25.05.2018 | 10:39
Прочитано: 5594

Според Извештајот на Европската комсиија Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за финансии, во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките. Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата.

Напредокот бил истакнат на денешниот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствувале министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Ваквиот дијалог, како што истакнал Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ.

За да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, посочуваат од Министерството за финасии.

Новиот Закон за буџети, додаваат, се очекува да биде усвоен до крајот на годинава и ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка.

Министерот Тевдовски ја потврдил проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто. Тоа е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.