Израел победи на Евровизија 2018

13.05.2018 | 10:45
Прочитано: 19413

Израел е годинешниот победник на Евровизија 2018. Во Лисабон, Португалија, се одржа финалето на 63. издание на Евровизија.

Во финалето се натпреварува претставници на 26 земји. Од балканските земји, во финалето влегоа Албанија, Србија, Словенија и Бугарија.

Македонија не се пласираше во финалната вечер. Според типувањата во обложувалниците, фаворити беа Кипар, Франција и Израел. На почетокот беа претставени сите учесници на сцената, а финалето го отвори претставникот на Украина, потоа настапија Шпанија, Словенија, Литванија, Австрија, Естонија, Норвешка, домаќинот Португалија, Англија, Србија, Германија, Албанија, Франција, Чешка, Данска, Австралија, Финска, Бугарија, Молдавија, Шведска, Унгарија, Израел, Холандија, Ирска, Кипар, а го затворија претставниците на Италија. Дел од учесниците годинава се решија да пеат и на својот мајчин јазик.

Во текот на директниот пренос, право на глас имаа сите 43. земји кои настапија во трите вечери. Според жирито, најмногу гласови освои Австрија 271 глас, според телевоутингот и смс пораките, најмногу гласови доби Нета од Израел кој е победник на Евровизија со песната „Играчка“. 

Гласовите на македонското жири ги соопшти Јана Бурчевска, нашиот евровизиски претставник на Евровизија, Киев 2017. Македонија 1 поен даде на израел, 2 на Словенија, 3 на Германија, 4 на Чешка, 5 на Финска, 6 на Албанија, 7 на Шведска, 8 поени на Србија, 10 на Кипар и 12 поени на Естонија. Финалето на Евровизија го гледаа околу 200 милиони гледачи.

Единствена црна точка остана упадот на непознатиот маж за време на изведбата на Сури, претставничката од Англија. Мажот успеал да помине низ обезбедувањето и на сцената и извикал „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода“. За кратко време бил тргнат од сцената и одведен во притвор. 


Маја Крстиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.