Измените во законот за медиуми поминаа во владата

21.02.2018 | 17:40
Прочитано: 1435

Собранието со двотретинско мнозинство ќе го избира програмскиот Совет на МРТВ кој поставува директорот на националниот јавен сервис, што би значело дека за членови ќе треба да гласа и опозицијата. Со измените за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои ги усвои владата предвидено е јавноста да се запознае со кандидатите уште во текот на нивниот избор. Тие ќе треба да имаат најмалку осум години работно искуство во медиумската фела, а и да се поддржани од универзитетите, релевантните медиумски организации и медиуми.  

„Во Собранитео ќе се организира надзоран расправа на која што овие луѓе ќе треба да се појават да ги видиме кои се и да кажат што направиле кои им планот за работа. Јавноста ќе биде главниот браник, за избор на професионални луѓе. Пратениците ќе бидат доведени пред свршен чин да ги изберат најдобрите.“

Освев како што велат од Владата целосната департизација и либерализација, јавниот серзвис треба да добие финансика незаисност. МРТВ ќе се финансира директно од Буџетот на дравата, а за првата година се предвидува средтва во висина од 0,7 отсто од државната каса.

„Во однос на финансирањето, се однесува дека овој закон ќе овозможи механизам, осдносно финансирањето на МТВ да биде директно од буџетот.“ - изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Програмскиот совет неодамна го реизбра Маријан Цветсковски за директор на МРТВ, што предизвика бурни реакции од медиумската фела и Здружението на новинари на Македонија. Од Владата се оградија од оваа одлука и рекоа дека Цветковски ќе биде сменет веднаш по усвојувањето на законот за медиуми.

Освен суштинските измени кои се однесуваат на јавниот серзвис со најновите законски изменисе регулира и целосно нов налин на изборот на управните тела и директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.