Изложба за 50 години ликовно творештво на Војко Јаневски

18.09.2018 | 08:48
Прочитано: 554

Во Културно-информативниот центар-Скопје вечер ќе биде отворена изложба за 50 години ликовно творештво на Војко Јаневски, која ќе може да се посети до 29 септември.

Авторот ќе претстави слики од својот богат творечки опус, кој го обележале и учествата на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство.

Војко Јаневски (с. Грнчиште, Велешко, 1940) во 1968 година завршил на вајарски отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш. Од 1968 до 1970  бил соработник во Мајсторската работилница на проф. Радауш во Загреб.

Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовни уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. Добитник е на повеќе награди и признанија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.