Изградбата на хотелот во Лагадин и натаму причина за препукувања меѓу екологистите и општината

12.03.2018 | 17:36
Прочитано: 1616

Хотелот во Лагадин и градежната офанзива на охридското крајбрежје и понатаму е тема за препукувања меѓу екологистите и општина Охрид. Активистите на  Охрид СОС тврдат дека на хотелот се вршат активности и покрај неколкуте забрани и препораки од УНЕСКО да се прогласи мораториум на сите градежни модификации кои му штетат на крајбрежјето се додека не се изработат сите релевантни плански документи и додека не се воспостават ефикасни механизми за контрола.

„Покрај мораториум во првиот рок од февруари 2018 та година беше побарано и запирање на процесот на легализација на сите бесправно изградени објетки во рамките на доброто се додека не се подготвни инвентар на сите посточеки нелегални градби. Може да се забележ дека се продолжува со градењето и издавањето одобренија за градба  а легализацијата на бесправно изградените објекти се практикува во континуитет.“ - обвинуваат од Охрид СОС и бараат градоначалникот Стојаноски да остане доследен на ставовите како советник дека е против донесувањето на општиот акт за село Лагадин од 2015 година и како градоначалник да отпочне одлука за негово поништување.

„Во тој контекст бараме и да се затвори случајот со нелегалниот хотел во Лагадин на кој деновиве можеме да забележиме дека се вршат нови градежни активности. Се надеваме дека веќе градоначалникот отпочнал постапка за поништување на одлуката за донесување на Општиот акт и доколку тоа веќе не го сторил го повикуваме да го направи што поскоро во согласнсот со тоа да прогласи и мораториум на издавање одобренија за градење врз основа на истиот.“ -  велат екологистите.

Но, Стојаноски тврди дека хотелот не се гради, а за неговата судбина вели крајно ќе одлучи министерството за транспорт и врски. Додава дека општите акти се веќе поништени со донесувањето на новиот закон.

„Како локална самоуправа донесовме решение со кое се пониптува одобрението и тоа е најкраткиот можен одговор.“ - вели Јован Стојаноски градоначалник на Општина Охрид.

Но, екологистите цврсто стојат на ставот и бараат Владата да го дополни усвоениот Извештај со согласноста за имплементација на препораката за прогласување мораториум.                              

                                                               


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.