Избрана Мис Америка 2019

10.09.2018 | 09:42
Прочитано: 1038

Ниа Имани Френклин (23) е новата Мис Америка за 2019 година. Таа со титулата доби и стипендија од 50.000 долари.

Настанот се одржа во „Броудвок хал“ во Атлантик Сити, Њу Џерси, САД. Свеченоста, сепак, ја засени претходната носителка на круната, Сара Мунд, која јавно ги обвини организаторите за тормозење, ограничување на слободата на говор и закани, што предизвика стоечки овации од публиката, која го проследи нејзиниот последен од како мис.

Ниа Имани ФренклинСо својата оперска изведба, како и со финалниот сет прашања и одговори, досегашната мис Њујорк ја освои публиката, но и судиите. Новата „владетелка“, која има диплома од Универзитетот на Северна Каролина, својот нов статус ќе го искористи за промоција и популаризација на уметноста.

Прва придружничка е Мис Конектикат која освои стипендија од 25.000 американски долари, а втора придружничка е Мис Лујзијана, чија парична награда изнесува 20.000 долари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.