Иванов: Заев да почне постапка за импичмент

20.06.2018 | 18:02
Прочитано: 13743

Доколку претседателот на Владата, Зоран Заев успее да собере 81 пратеник за го реализира најавиниот импичмент, нека го стори тоа. Шефот на државата, Ѓорге Иванов преку пишана реакција го повикува премиерот Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, нагласувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.

„Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“ - изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Најавата за отповикување на претседателот Иванов, доаѓа од синоќешното гостување на претседателот на Владата на Канал 5 телевизија. Заев по референдумското изјаснување најави зголемување на парламентарното мнозинство исклучиво за покренување постапка за импичмент, доколку Иванов одбие да стави потпис на договорот со јужниот сосед, вели граѓаните го имаат последниот збор, никој нема право да го попречува нивното мислење. 

„Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот, ако мораме“, вели премиерот Заев.

Дека шефот на државата се соочува со кривична одговорност, порачува и првиот претседател на Собранието. Стојан Андов во Отворено на ТВ24 посочи дека претседателот Иванов ќе се соочи со одговорност доколку не го потпише закон за ратификација.

„Ако продолжи така тоа е узурпација на власта во Македонија.  Тоа што им припаѓа на други државни органи, а претседателот си го зема сега тоа е еден вид самодржавие  и тоа е тешко кривично дело, бидејќи се работи против Уставот“ - рече Стојан Андов во Отворено.

„Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, што значи дека се потребни гласови од 81 пратеник, понатаму за одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот“ - пишува во највисокиот правен акт.

Доколку се оставри најавата на премиерот тоа би било втор обид во текот на вториот мандат да се разреши Иванов. Барање за импичмент поднесе СДСМ како опозиција кога Иванов ја потпиша масовната аболиција. Но тогашната опозиција немаше доволно гласови да ја процесира докрај постапката. 


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.