Иванов со дипломатскиот кор на Богојавление во Дојран

20.01.2018 | 12:10
Прочитано: 2791

Претседателот на државата Ѓорге Иванов заедно со претставници од дипломатскиот кор  во земјава присуствуваа на  манифестација Богојавление во Дојран каде се осветуваа  водите во Дојранското Eзеро.  Место Иванов во Дојран честитка до  верниците упати рускиот амбасадор  во Македонија Олег Шчербак кој подвлече дека ова манифестација ги обединува сите православни христијани од светот.

„На сите граѓани на Република Македонија би сакал да им го честитам овој преубав празник, на сите да им посакам добро здравје, среќа, радост, благосостојба и   стабилност“, изјави Олег Шчербак – амбасадор на Русија во Република Македонија

Сепак Престедателот преку својата веб страна упати честитка за Водици и повика на живот исполнет со љубов, понизност милост и солидарност.  Да се престигнуваме со добрина, и да го градиме нашето мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество во мир, соживот и почитување на различноста, стои во честитката на Иванов кој на среќникот во Дојран му подари крст.

Среќникот во Дојран беше Митко Пејков кој по четврти пат успеа да го  пронајде крстот во водите во Дорјанското Eзеро.

„Сакам да го честитам големиот празник Водици на сите верници, им посакувам среќа и љубов во 2018“, изјави Митко Пејков

Иванов синоќа во Гевгелија по повод новогодишно божиќните празници организираше дипломатски прием во Гевгелија каде подвлече дека Членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Унијата позитивно ќе влијаат на регионалната стабилност но и внатрешна сплотеност.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.