Иванов - Радев: Македонија што побрзо да стане членка на НАТО

17.02.2018 | 20:06
Прочитано: 1673

По потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија најголем успех има во областа на трговската размена - ова е оценката на претседателите на двете земји Ѓорѓе Иванов и Румен Радев кои денес се сретнаа со  претставниците на стопанските комори на двете земји. Иванов истака дека довербата меѓу двете земји е на високо ниво, а е во полза на Македонија бидејќи  се случува во време кога Бугарија претседава со Европскиот совет.

„Имаме еден клучен момент по потпишувањето на договорот со добрососедство и соработка, веднаш тоа се почувствува на планот на трговската размена. Имаме веднаш зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Тоа покажува дека постоела лоша бариера, кај луѓето постоела недоверба“, изјави Ѓорге Иванов-претседател на Р.Македонија.

За време на средбата, Радев порача што е  можно побрзо  Македонија да стане членка на НАТО. Исто така тој зборуваше и за големиот прилив на странски инвестиции во Бугарија и дека Македонија треба да ја искористи  позитивните формули за разработување на конкретни проекти.

„Веќе има шанса во рамките на нашето претседателство со ЕУ, Република Македонија да добие покана за членство. За да ги убедиме нашите партнери да ја дадат таа покана ние треба да покажеме дека Бугарија и Македонија можат да работат заедно.  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка треба да заживее, а не да остане само на хартија“, рече Радев.

За време на средбата, Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески изјави  дека досега добро соработуваат  со коморите во Бугарија. Според него, потребни се три услови за економската соработка  меѓу двете земји да се развива во позитивна насока.

„И овде треба да се создадат три услови за да може економската соработка да оди нагоре. Тоа се обврските на државата, на двете држави, обврските на приватниот сектор и обврските на локалната самоуправа. Ние имаме ситуација во којашто нашите обврски како приватен сектор ги извршуваме. Имаме договор ни треба само реализација“, изјави Бранко Азевски- претседател на Стопанска комора на Р. Македонија.

Статистиката покажува дека договорот за добрососедство ја зголеми  трговската соработка меѓу Македонија и Бугарија. Таа во 2017 достигна 664 милони долари што е раст од над 19 проценти, споредбено со 2016 година.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.