Иванов на потег за Законот за јазици – дел од експертите бараат вето

12.01.2018 | 17:30
Прочитано: 3237

Унапредување на правата на заедниците или неуставен Закон? Законот за употреба на јазиците ја подели јавноста. Академик Катица Ќулавкова и професорките Гордана Силјановска-Давкова и Симона Груевска-Маџоска бараат шефот на државата да стави вето на Законот за јазиците, а доколку Собранието повторно го изгласа како што веќе најавија пратениците од сдсм и ДУИ, бараат Уставниот суд да го прогласи за неуставен.

„Редно е претседателот Ѓорѓе Иванов, барем еднаш, да посегне по вето, не за да манифестира моќ, туку заради правната држава. Ако пратениците повторно го изгласаат со апсолутно мнозинство, на потег е Уставниот суд на РМ, којшто мора да го (од)брани Уставот!“,

Напишаа професорките, Ќулавкова, Силјановска и Маџоска денеска не одговорија на нашите телефонски повици за изјава во камера. Од кабинетот на Претседателот, потврдуваат дека Законот вчера стигнал до нив, но не откриваат каква ќе биде неговата одлука, велат само дека одуката ќе биде соопштена во законскиот рок. За разлика од професорките, пратениците иницијатори на Законот, го повикаа Иванов да стави потпис и да не ја одолговлекува процедурата бидејќи Законот секако ќе биде донесен. Опозициската ВМРО ДПМНЕ која се уште го бојкотира Собранието повтори дека за нив ова е неуставен Закон кој врши фаворизирање на само една етничка заедница.

„Овој закон е во спротивност со амандманот 5  од Уставот на Република Македонија. Со овој закон се врши фаворизирање  на само една етничка заедница – албанската, додека сите други се маргинализираат“, вели  Дарко Костовски -  ВМРО ДПМНЕ

Според дел од учесниците во рамковниот договор пак  Законот ја унапредува употребата на јазиците и ги пополнува празнините од Рамковниот договор. Аналитичарот Насер Зибери смета дека Законот е во рамките на Уставот, бидејќи има неколку елементи кои го гарантираат приматот на официјалниот македонски јазик.

„Мислам овој закон ги запазува уставните рамки и истите не ги повредува и надминува, затоа што во членот 1 се прави таа уставна градација, каде што на цела територија на Република Македонија  службен јазик е само македонски јазик, во меѓу народните односи службен јазик е само македонски јазик, додека другиот  јазик кој го зборуваат над 20 отсто на граѓаните на    Република Македонија е во службена употреба согласно одредбите на тој закон“, вели   Насер Зибери – аналитичар

Зибери додава дека во меѓународните односи, македонскиот останува единствен службен јазик. Вчера и новоизбраниот уставен судија Осман Кадриу го оцени Законот како Уставен, додека неговиот колега Дарко Костовски одби да го искоментира. Во буџетот за 2018 предвидени се 106 милиони денари за имплементацијата на овој Закон. Со него се предвидува употреба на  албанскиот јазик на ниво на цела територија во државните управи, агенции, владините тела. Седниците во Собранието ќе се водат на албански, а министрите во Владата ќе зборуваат и на албански јазик. Алабнскиот влегува и во јавното обвинителство и судството. Ќе се формира и агенција која ќе го следи функционирањето, а за институциите кои нема да го почитуваат ќе има казни.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.