Иванов ја предложи вицегувернеката Бежовска за прв човек на НБРМ, откако Богов се повлече

16.05.2018 | 17:14
Прочитано: 4795

Анита Ангеловска - Бежоска, актуелен вицегувернер е новиот предлог на претседателот на Иванов за гувернер на Народната банка, откако Богов денес се повлече од кандидатурата. 

Иванов смета дека Бежоска, која веќе осум години е заменик гувернер  е добро решение за оваа позиција, имајќи предвид дека минатата година беше избрана за втор мандат во Централната банка. Предлог на Иванов веќе е доставен до Собранието и најверојатно ќе биде ставен на дневен ред за гласање веќе в понеделник, кога му истекува и мандат на Богов.

Но, зошто Богов се повлече од кандидатурата? Во своето писмено обраќање напиша дека одлуката ја донел во интерес на државата. Претседателот го предложи за втор мандат, но парламентарното мнозинство јасно кажа дека нема да биде изгласан.

„Имајќи ги предвид реакциите, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата. Му се заблагодарам на претседателот Иванов за довербата што ми ја даде, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години.“ - соопшти Богов.

Ваквиот расплет на ситуацијата ќе значи дека Народната банка сепак нема да остане без гувернер, на што веќе апелираа и Богов, но и премиерот Заев.

Бежоска докторирала на Економскиот факултет во Љубљана во 2015 година. Била главен економист во Народната Банка од  2004 до 2010 година. Работела во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон и на неколку позиции во Министерството за финансии. 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.