Иванов: Договорот не го потпишувам, ниеден притисок нема да ме премисли

13.06.2018 | 22:26
Прочитано: 7720

Договорот е штетен, нема да го потпишам, ниту поддржам и никаков притисок нема да го смени ова. Ова е порака на шефот на државата Ѓорѓе Иванов. Претседателот вели дека со договор се крши уставот и се гази македонскиот идентитет, вели тој е срамен за сите и нема никакви гаранции за правната сигурност.

Шефот на државата им порача на премиерот Заев и министерот за надворешни работи дека ова е нивен личен договор, нивна одлука и нивна ќе биде и одговорноста. Ја прозва Владата заради тоа што вели не смогна сила да изгради национален консензус за насионалните ставови. Ги праша дали за нив е патриотизам откажување од се што е македонско. Вели да престанат да ги злоупотребуватат ЕУ и НАТО како алиби.

Претседателот го повика македонскиот народ, каде и да се наоѓа да не се плаши и да не ја губи вербата во себе. Иванов избега да одговори на новинарските прашања. Тој договорот за името го доби утринава од Заев и Димитров, на кои по 2 минути им ја покажал враттата. По што од Владата соопштија дека не успеале да му ги презентираат како што велат придобивките од договорот на Претседателот, но го повикаа да даде поддршка. Грчките медиуми вчера објавија дека предвидено е доколку Иванов не го потпише договорот, тој да се гласа по вторпат во Собрание.

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.