Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Иран

22.09.2018 | 14:57
Прочитано: 198

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.

„Борците на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз“, се наведува во соопштението на џихадистичката група.

Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.

Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.

„Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот,“ објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.