Исклучените од парно на протест пред Врховниот суд, бараат оставки

16.05.2018 | 14:17
Прочитано: 1694

Граѓаните исклучени од Топлификација го одржаа 180-тиот протест. Овој пат демонстративно застанаа пред Врховниот суд и побараа да ги заштити од овој како што велат, народен грабеж.

Обвинуваат дека сметките што ги добиваат за услуга што не ја користат, се фалсификувани, а судиите молчеле и воделе постапки по нив. Од здружението „Но пасаран“ побараа оставки од првите луѓе на Основниот суд 2, поради како што велат, прикривање на незаконското работење на судиите.

Оставки од претседателот на Основен Суд 2 Илир Сулејмани и администраторот на судот Никола Блажевски денеска повараа од Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасеран“ - Скопје кои протестираа пред Врховниот суд во Скопје поради, според нив, спорните одлуки на судот во однос на утужените сметки од компанијата БЕГ за парно греење.

Граѓаните преку Здружението бараат утужените сметки на БЕГ за парно греење да се базираат на вередостојни исправи, а не на фотокопирани документи. Според нив судиите требало да ги одбијат и да ги побараат оригиналните документи. Велат дека компанијата БЕГ не доставил ниту една оргинална фактура иако тоа е побарано, а судиите тоа го премолчуваат. Од „Но пасеран“ нагласуваат дека спорна е работата на Судот бидејќи постапуваат по Правилник на регулатор на Комисија на енергетика, а не постапува по законот и Уставот на Република Македонија.

 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.