Исклучените од парно на протест пред Врховниот суд

16.05.2018 | 20:50
Прочитано: 900

Повеќе од шест години, граѓаните исклучени од топлификација, талкаат по судовите, поради неисплатени давачки за парно, што не го користат. Обвинуваат дека сметките што им стасуваат се копии а не оригинали, бидејќи никогаш не склучиле никаков договор. Демонстративно денеска застанаа пред Врховниот суд и побараа одговорност.

Граѓаните во неколку наврати се жалале до сите судови во земјава, а денеска побараа оставки од судиите вклучени во споровите, бидејќи како што велат, врз основа на неверодостојни документи носеле решенија против граѓаните.

„Оставките ги бараме поради прикривање на незаконското работење на 25 судии на основен суд 2 непостапување по барањето на граѓаните, со учество во нивното рекетирање и осуромашување, со цел да овозможат профити на одредени криминални компании.“ - изјави Маријан Ненов – Здружение „Но пасаран“.

Со овој проблем се соочуваат повеќе десетина илјади скопски семејства, во чии станови минуваат цевки од топлификационата мрежа.

„Никој не се одзва и не се осмели да почне да постапува, а не да донесе некое решение, да преземе мерка и да го прекине овој јад овој срам и оваа голгота на обичниот граѓанин на Македонија.“ - изјави Ѓоко Серафимов - Здружение „Но пасаран“.

Од Врховниот суд им ветија средба на претставниците на Здружението „Но пасаран“, на која ќе треба да се најде конечно решение и да се стави крај на нивната судска сага.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.