Интервју со Џејмс Ленг – судија во Основен суд во Бостон

19.09.2018 | 18:47
Прочитано: 761

 Само независни судии без страв и влијанија може да делат правда, порачува во интервју за тв 24 судијата Џејмс Ленг од Основниот суд во Бостон кој е во неколку дневна посета во Македонија во рамки на програмата за размена на искуства.

Ленг не сакаше да го коментира последниот извештај на СЈО во кој со име и презиме четири актуелни судии се посочени дека ја злоупотребиле функцијата, но правејќи паралела со сличните процеси во Масачусетс вели дека и за судии има кривична одговорност и затвор како и сите останати граѓани, ако обвинител собере докази против нив.

Во пресрет на официјализирањето на новиот судско-медиумски совет кој е прв од ваков вид во Европа, судијата Ленг порачува дека медиумите ја имаат клучната улога за транспарентност на судовите.


 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.