Интервју на премиерот Заев за грчката државна новинска агенција
За посета на Атина и средби со премиерот Ципрас, шефот на грчката дипломатија Коѕијас и претседателот Павлопулос со надеж дека патувањето ќе се случи на почетокот на новата година, за поддршка и помош од Грција, за нашето членство во ЕУ и НАТО како единствена алтернатива, за градење мост на пријателство со Грција за зголемување на меѓусебната доверба, а со тоа и отворање на патот кон решение, за прашањето за името како чувствителна тема за двете страни, но и за ситуацијата во судството и медиумите кај нас, говори македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за грчката државна новинска агенција АПЕ-МПЕ.
Во овој период ја планирам мојата посета на Атина, се надевам на почетокот на новата година.
Македонскиот премиер, потенцира дека за нас не постои друга алтернатива од ЕУ и НАТОо, вели дека во изминатите 6 месеци, Владата особено ги подобри односите и со соседите и со земјите од НАТО и Европската унија.
Post new comment