Интернационален музички успех на млади таленти од Штип

10.05.2018 | 11:59
Прочитано: 1536

Теодора Ноемина Пастоњицки и Михаел Тимотеј Пастоњицки од Штип постигнаа голем успех на престижниот интернационален музички натпревар „Александар Скрјабин“ одржан во Париз.

Деветгодишната Теодора Ноемина Пастоњицки,  од државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ – Штип го освои првото место во категоријата А, а Михаел Тимотеј Пастоњицки,, го освои третото место во категоријата Д. И двајцата се ученици во класата на проф. М-р Марија Максимова


„Ова беше 18 по ред интернационален натпревар на талентирани млади музичари во сегментот на класична музика од повеќе држави. Организатор е Рускиот конзерваториум „Александар Скрјабин“ во Париз.  Меѓу стотина деца од целиот свет Теодора и Михаил остварија голем успех“, вели нивната менторка Максимова,а за тоа одлучуваше меѓународно жири составено од реномирани пијанисти.

Поради постигнатиот успех во својата категорија, Теодора ја доби и можноста да настапи  на завршниот свечен концерт во Рускиот културен центар во Париз, штом за неа беше уште едно големо и позитивно искуство.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.