Интензивни врнежи на територијата на Македонија - Силно невреме го зафати Скопје

23.05.2018 | 21:46
Прочитано: 17607

Интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи и електрични празнења ја зафатија територијата на Скопје. Повеќе улици и булевари низ главниот град се под вода, особено поплавен е булеварот „8 септември“, кај Воена Болница и дел од „Партизански одреди“.

Според синоптичарите и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд.

Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Фото: Фактор.мк


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.