Интегрално соопштение на ДУИ за одлуката за оставки на министрите

01.04.2016 | 14:55
Прочитано: 2975
На вчерашната седница на Претседателството на Демократската Унија за Интеграција се донесе едногласна одлука сите министри и заменици-министри на ДУИ во Владата на Македонија да поднесат неотповикливи оставки и дека сите овластувања за донесување натамошни одлуки, како и за преиспитување на нашите политики во следните неколку дена и за да одлучува во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети.
 
Од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската Унија за Интеграција одигра конструктивна улога во насока на постигнување решение и даде клучен придонес за постигнување на договор во Скопје, со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата.
 
ДУИ исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурните реформи што произлегуваат од Договорот, при што меѓу другото, се основа и институцијата на специјалниот обвинител со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и се инсталира широка Влада за имплементација на вонредни избори во земјата.
ДУИ има инвестирано и дадено значителен придонес во овој процес, често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата и општеството, затоа што веруваше со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите.
 
Но, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран како последица на масовното нелегално прислушувањето како и поради нивната натамошна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни „Фабрики за афери“.
 
Процесот беше компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите наши напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушувањата и носењето на одговорноста за злоупотреби.
 
Овој наш чекор е продолжение на нашите енергични напори за демократија и еден реформиран општествен и политички систем, со што изразуваме и револт за прислушувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и уриваат напорите за системски реформи.
 
Од почетокот на откривањето на незаконските прислушувања од страна на македонската опозиција, Демократската Унија за Интеграција побара да се објавуваат сите автентични нелегални разговори што имаат врска со криминалот и злоупотреба на функцијата, но во невожмосност да се најдат такви материјали кои индицираат на корупција и криминал од страна на членовите на ДУИ, центрите кои се борат против ДУИ од 2002 година, произведуваат монтирани прислушувани разговори кои апсолутно се неприфатливи и претставуваат низок и нечовечки метод на политички и лични напади.
 
Од основањето на ДУИ и немоќта да ја ослабат апсолутната поддршка на граѓаните Албанци за Али Ахмети и ДУИ, одредени кругови произведуваат последователни афери и фалсификати, вклучувајќи фабрикувани досиеја, непостоечки коруптивни афери и монтирани разговори како последно средство за да ја урнат непоколебливата доверба на Албанците кон Али Ахмети и ДУИ и за да ослабне албанскиот политички фактор во Македонија.
 
ДУИ ги оценува овие објавувања како целосно невистинити, монтирани и затоа ги повикува граѓаните да не станат жртви на криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни Фабрики на Афери и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат корист сите граѓани.
 
ДУИ бара од локалните институции, особено Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните материјали, а во исто време, како последица на институционалната слабост и политичките манипулации, ДУИ веќе не презема никаква одговорност за излагањето на ситуацијата од институционална контрола и можноста за индивидуално спроведување на судот и правдата.
 
ДУИ го повикува и Специјалниот Обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот.
 
Но, за доброто на општеството, процесот на системско реформирање ќе го спроведеме до крај бидејќи само спроведувањето на реформите ја прават оваа земја оддржлива и да не стане заложник на фабрикатори и инсталирање на подземјето во политиката.
 
ДУИ не е причината за кризата, но бевме и сме гласот на разумот како и промотори на решението, а сега веќе и жртва на девалвацијата и компромитираниот процес. 
 
И затоа одлучивме да ги повлечеме своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерираме дегенерирање на процесот, отуѓување на одлуката и волјата на граѓаните, инсталација на полтронисти на подземјето, но исто така ги повикува граѓаните да не подлегнат на било каков монтиран материјал, криминал, клевета или напори направени со цел да му наштетат на реформскиот процес преку провокација на ирационална реакција од страна на Демократската Унија за Интеграција.
 
Демократската Унија за Интеграција вчера демонстрира апсолутно единство во своите редови и максимална мобилизација за да се бори против злото што им се готви на Албанците од центри кои не им го сакаат доброто на Албанците, ниту на државата, ниту на регионот.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.